Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови по должина на Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 26 до 35 степени.
Од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. В среда и в четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.
Можеби ќе ве интересира: