Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 степени. УВ=8.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.
Можеби ќе ве интересира: