Денеска времево ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во наредниот период се очекува според метеролозите времето да биде претежно сончево со мала до умерена облачност.
Можеби ќе ве интересира: