Облачно и ветровито време нè очекува денес, а до крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд во градовите и на снег на повисоките планини. Дождот ќе биде пообилен во западните делови на земјата со 20 литри на метар квадратен на 12 часа, а веќе на северозапад тој ќе преминува во снег.
Ветрот ќе биде умерен до засилен и ќе доаѓа од југ, а утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени. Дневните температури ќе се искачат од 13 до максимални 18 степени.
Можеби ќе ве интересира: