Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст.
Во среда претежно во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и грмежи.