Детскиот фудбалски турнир 2025, кој се одржува во Градскиот парк во Велес, продолжи со возбудливи натпревари и на вториот ден, привлекувајќи големо внимание од љубителите на спортот и поддржувачите на младите фудбалски таленти.
Екипата Наш’то Маало обезбеди пласман во четвртфиналето откако, прво го декласираше тимот на Еурометал со високи 14:1, а потоа забележа уште една победа, овојпат над Којник со 2:0. Којник, пак, се рехабилитираше во последниот свој натпревар од денот, победувајќи го Еурометал со убедливи 5:1.
Дуелот меѓу Работник Галактикос и Тополка заврши нерешено 1:1, но по изведувањето на пенали, Тополка обезбеди победа со 2:0, запишувајќи важни поени во групната фаза. Денес се игра последниот ден од групната фаза, а на програмата се следните натпревари:
🕖 19:00 – Оризари 🆚 Борец 1919
🕢 19:45 – Нова Колонија 🆚 Работник Галактикос
🕣 20:30 – Блум Бренд 🆚 КарФорЈу
🕤 21:15 – Тополка 🆚 Нова Колонија
Турнирот е организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, со цел да се поттикне спортскиот дух, здравиот начин на живот и тимската игра кај најмладите. Настанот претставува одлична можност за децата од Велес и околината да се запознаат со вредностите на фер-плејот и да ги покажат своите фудбалски вештини.
Финалната фаза започнува наскоро, а организаторите најавуваат уште поголеми возбудувања и интересна завршница.