Втор пораз по ред доживеаа младите ракометари на Борец. Во рамките на во 5. коло на гостински терен се поразени од составот на Преспа со 29:22.
Само на пчетокот од натпреварот ракометарите на Борец им парираа на домаќините, за да со една серија од 5:1 се одлепат и потоа да го одржуваат својата предност, која на крај изнесуваше седум голови.
Во тимот на Борец најефикасни беа Миленков и Мачевалов со по шест гола. Најефикасен во домашниот тим беше Филип Шиклевски со седум погодоци, а по четири постигнаа Мишевски, Савевски и Тунтевски.
Следен предизвик за младите ракометари на Борец е екипата на Македонија Ѓорче Петров која се наоѓа на петтото место.
Можеби ќе ве интересира: