Во рамките на третото коло од Првата македонска футсал лига, Кеги Моби на домашен терен загуби од екипата на Бутел со 5:9 (4:4) со што го доживеаја вториот пораз во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Кеги Моби одигра солидно прво полувреме кое заврши со нерешен резултат. Но во вторит дел голем пад во играта на домашниот тим. Сето тоа го искористија гостите и ја наполнија мрежата на Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
По три одиграни кола, Кеги Моби се наоѓа на седмата позиција со три освоени бода. Во следното коло Кеги Моби гостува во Куманово кај екипата на Форца, која се наоѓа на делба на втората позиција со шест освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: