Наредниот месец ќе стартува кошаркарското првенство во Втората кошаркарска конкуренција. Првото коло е предвидено да се одигра на 15 октомври. На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, претставниците на Здружението на Втора лига-мажи, го утврдија системот и календарот за натпреварување за сезоната 2022/2023.
Велешкиот претставник во Втората кошаркарска лига, екипата на Борец Баскет во првото коло ќе го пречека составот на Баскет Кам од Каменица. Во сезоната 2022/2023 тргнуваат 12. екипи, со цел да бидат меѓу првите две кои догодина ќе го имаат статусот на прволигаши.
Содржината продолжува под рекламата
Во првиот дел ќе се игра според двокружен бод систем – ФИБА-БЕРГЕР, дваесет и две кола. По принцип „секој со секого“, односно еднаш дома, еднаш на гости. Екипите од првото до осмото место играат плеј оф завршница, додека екипите пласирани на деветто и десетто место остануваат во Втората лига мажи за следната натпреварувачка сезона 2022/23 година. Двете последно пласирани екипи, во следната натпреварувачка сезона 2022/23 ќе се натпреваруваат во Трета лига мажи.
Можеби ќе ве интересира: