Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на претседателските и парламентарни избори! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Х“.
Честитки за победата пристигнаа и од Претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој во пораката вели дека е убеден оти двете земји ќе продолжат да работат заедно на зајакнување на врските со цел напредок и благосостојба, како и на просперитетот на целиот регион“.
Можеби ќе ве интересира: