Вучиќ: Вакцинацијата против коронавирусот во Србија почнува од утре

vucic_12
vucic_12

Александар Вучиќ, најави дека вакцинирањето со вакцината на Фајзер против Ковид-19 ќе започне во текот на утрешниот ден, и нагласувајќи дека во земјата набрзо ќе има и други пратки на вакцини.

Zito akcija 640x289px

“Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од вакцини од други производители веќе се испратени на истражување”, додал Вучиќ.

Agria

Српскиот претседател потенцираше дека е многу важно да започне вакцинацијата со цел да се заштитат што е можно повеќе луѓе.

„Утре ќе започне во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години кои настрадаа. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив“, рече Вучиќ.

Претседателот Вучиќ рече дека ќе се вакцинира и некој од врвот на државата, како сигнал дека вакцината е неопходна и добра.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: