За една недела бројот на активни случаи во Велес се намали за 130

Veles nov most Fevruari
Veles nov most Fevruari

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани 15 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 35, бројот на активни случаи во Велес е 550.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2 874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Agria

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид – по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 1 001 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 28 починати лица од кои четворица пациенти од Битола се починати во текот на целиот месец април: 9 од Скопје (57г, 62 г, 66 г, 66 г, 69 г, 72 г, 73 г, 76 г и 80 г), 4 од Битола (68г, 73 г, 83 г и 88 г), 3 од Охрид (73г, 80 г и 81 г), по 2 лица од Кочани (66г и 67 г), Струмица (63г и 79 г) и Гевгелија (73г и 80 г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151 122, бројката на оздравени пациенти е 130 910, на починати е 4 742, а бројот на активни случаи изнесува 15 470.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: