
Драма се случувала утрово во село Чегране, гостиварско. Имало обид за убиство на гостиварски јавен обвинител, и тоа со нож во грбот. Обвинителот сега е во Скопје во болница, но за среќа неговиот живот е спасен. Од ОЈО денеска информираат за настанот, но не даваат детали зошто дошло до обид за убиство на обвинителот.„Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.
Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.
Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот“, се вели во кусото соопштение од Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира: