За неполни 24 часа речиси собрани потребните пари за лекување на велешанецот Јордан Ивев

jovan ivev naslovna 1
jovan ivev naslovna

За неполни 24 часа откако го објавивме повикот за хуманитарна помош, огромен број граѓани од земјава и странство донираа пари за лекување на 25-годишниот велешанец Јован Ивев. Најголема заслуга за тоа има фејсбук заедницата. Веднаш по нашата објава вчера на фејсбук беше поставен т.н. „фандрајзер“, дело на велешанецот кој живее во Австралија Никола Џипунов и оттогаш донираната сума постојано расте.

Zito akcija 640x289px

До овој момент собрани се близу 16 илјади австралиски долари или речиси 10 илјади евра. Со оглед на тоа дека фејсбук донацијата сè уште трае, а вчера се пуштени и телефонски броеви за донации и денарска и девизна жиро сметка, конечната сума веројатно ќе биде многу повисока, а целта, Јован повторно да застане на нозе, ќе биде остварена.

Agria
Donacii za Jovan Ivev

Македонскиот народ уште еднаш покажа дека има силно емпатично чувство и секогаш кога е најпотребно, брзо се мобилизира и помага онаму каде што треба.

Јован Ивев остана неподвижен кога лани во септември, во Ротердам, Холандија, каде што работел како возач на камион, цевки тешки 2,5 тони при истовар паднале врз неговото тело и го згмечиле. Јован останал без кислород и срцева реакција, па лекарите од брзата помош морале да го реанимираат и по неколку минути го вратиле во живот. Јован добил тешки повреди на главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.

Во болницата во Холандија младиот велешанец е хоспитализиран три месеци, по што, за понатамошно лекување е испратен во Македонија . Поставена му е дијагноза Dg. QUDRIPARESIS. St. Post. Plytraumatismus.

Во моментов тој е неподвижен и за негово лекување потребни се 10.000 евра. Со овие пари треба да се плати рехабилитација и закрепнување во Поликлиника „Неуромедик“ од Ниш, Србија.

Повикот за донации е сè уште отворен, а освен преку фејбук, можете да донирате со јавување на следниве телефонски броеви или преку уплата на жиро сметка.

Телефони за донации:

Македонски телеком – 143 138 (за повик)

А1 – 143 777 (за повик)

Сметка за донација – 250014000660205 Шпаркасе банка, на име Јован Ивев

Сметка за донација од странство
Acc. No 02-307-06574978
IBAN MK07300307065749778
SWIFT KOBSMK2X
Sneza Iveva

https://www.facebook.com/nikol.djipunov/posts/312715213077790

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: