Најголемиот проблем со кој се соочуваат овие хумани луѓе е просторија во која ќе се дели и подигнува храната. Потребна е просторија од околу 50/60 м2, локацијата е небитна и може да биде неатрактивен простор кој стои празен подолг период.
Просторот ќе биде адаптиран скромно, и доколку е потребна некоја надокнада, таа да биде минимална. Се замолуваат СИТЕ ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ, ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ КОМПАНИИ, да помогнат околу пронаоѓање на просторија.
Доколку се успее да се обезбеди просторијата проектот би започнал за неполни 30 дена. Со ова официјално овој проект од УСЛОВЕН ОБРОК ќе се трансформира во проект НАРОДНА КУЈНА.
ЗА НУЛА ГЛАДНИ ВО ВЕЛЕС – објави Гостилница БОЕМ на својата фејсбук страна