Србија вчера, за прв пат по осум и пол месеци, имаше двоцифрен број на нови случаи на коронавирус на дневна основа.
Во последните 24 часа биле тестирани 8.327 примероци и потврдени се нови 89 нови случаи на ковид-19, а помалку од 100 заразени, поточно 67, последен пат го имале на 12 октомври 2020 година.
Досега во Србија се регистрирани вкупно 6997 смртни случаи како последица на вирусот од почетокот на епидемијата.
Досега, од население од 6,9 милиони, Србија објави 4.329.845 тестирани примероци и вкупно 715.693 регистрирани случаи на инфекција, што го рангира на 36. место на списокот што го води специјализираниот портал worldometers.info.
Според бројот на смртни случаи на милион жители, Србија е на 61-то место на таа листа, а според бројот на заразени, таа е на 30-та позиција.
Можеби ќе ве интересира: