За шест дена осум велешани починаа од ковид-19, а се заразиле 292 пациент

За само шест дена во Велес осум граѓани починаа од компликации од ковид-19. Според дневните извештаи на Министерството за здравство, сите пациенти битката со заразата ја изгубиле во ковид-центрите. Алармантна е и бројката на заразени која за шест дена изнесува нови 292 заразени со корона вирусот.

Zito akcija 640x289px

Во моментов активни се 693 случаи со ковид-19 во градов, а Комисијата за заразни болести и покрај високите бројки, не предложи нови мерки. На сила е само почитувањето на мерките за заштита од ковид-19, носење маска, држење дистанца и редовна дезинфекција на раце, полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, затворање на кафулињата во 21 часот и забраната за собирање во домови и затворен простор, како забрана за групирање на повеќе од 4 лица.

Agria

Министерот за здравство, Венко Филипче пред два дена изјави дека пикот е пред нас и дека оваа недела ќе биде критична, но нови рестрикции за сега нема.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19600/nov-gostinski-poraz-za-fudbalerite-na-prevalecz/