Поради обилни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки моторни возила на повеќе патни правци во државата, информираа рано утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Со забраната се опфатени патните правци: Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Кичево (преку планинскиот премин Стража), крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид (преку планинскиот премин Пресека), Битола – Ресен (преку планинскиот премин Ѓавато) и магистралниот пат А2 Струга – граничен премин Ќафасан.
За останатите типови на возила, на овие патни правци задолжителна е употреба на зимска опрема.
Можеби ќе ве интересира: