Заев да си даде оставка за државата да може да оди напред, порача ВМРО ДПМНЕ од протестот во Велес

„Заев не успеа да донесе инвестиции, да го подобри здравството, да го заштити достоинството на државата, подобар живот што го ветуваше а успеа да направи многу предавства и да ги обедини граѓаните против Заев“. Вака вечерва ја започна изјавата за медиумите актуелниот пратеник во македонскотот Собрание и висок функционер во партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски во Велес. Тој изјавата ја даде во непосредна близина на споменикот на Панко Брашнаров, во новиот дел на градот,каде десеттици возила во неколку километарска колона пристигнаа откако претходно тргнаа од Спомен костурницата во Велес и го завршија протестот со блокада на дел од улицата „Благој Ѓорев“.

Zito akcija 640x289px

Тие излегоа од автомобилите со знамиња и скандираа „Оставка на Заев, слобода на Македонија“.

Agria

„Сметаме дека оваа парола ја поддржуваат многу граѓани, без разлика каде политички или национално припаѓаат, затоа што многу граѓани секојдневно стануваат се посвесни дека со Заев нивниот живот станува се потежок. Животот во Македонија станува се потежок а понижувањата за Македонија се потешки. И затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во економска и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла кога Заев ќе падне од власт. Нашата порака е: Заев да си даде оставка за државата да може да оди напред, да се обединиме против еден човек кој е прилично неурамнотежен и како личност и како политичар за да ја зачуваме Македонија како држава и да овозможиме да се движи напред“, рече Милошоски.

Тој на новинарското прашање што е поразлично од времето кога ВМРО ДПМНЕ преговараше со Република Бугарија, додека беше на власт и сега кога преговорите ги води СДСМ со Премиерот Зоран Заев одговори:

„Ние имавме една седница на Комисијата за надворешна политика на која присуствуваше Заев во јуни – јули 2017 година. И ВМРО ДПМНЕ изнесе пет забелешки. Прво дека не смее да се потпише договор во кој изричито нема да биде спомнат македонскиот народ, изричито и надвор од споменувањето во Уставот да се спомене македонскиот јазик, не треба да потпише договор кој што е толку асиметричен што од Македонија бара 100 отстапки а од Бугарија само една за да не поддржи за отпочнување на преговори. За жал Заев, Димитров и Бујар Османи потпишаа токму таков договор за кој предупредивме дека тој ќе создаде повеќе проблеми отколку решенија. Проблемите ги имаме денес“, додаде Милошоски.

На прашањето на што се однесуваат најголемите забелешки на ВМРО ДПМНЕ кога е во прашање Договорот со Бугарија,Милошоски, одговори дека тоа се македонскиот јазик, македонскиот народ и потчинетата позиција на Македонија во Договорот каде стоте отстапки од Македонија не предизвикале барање на ниту една од Бугарија со што се создале повеќе тензии отколку што имало пред 2017 година и со кој Заев си ја купил својата власт со продажба на националните интереси.

На новинарско прашање поврзано со изјавите на Премиерот Заев во кој изричито се вели дека македонскиот јазик и идентитет не се на продажба, Милошоски одговори дека тој гледал дека Заев е подготвен да продаде се, исто како и останатите граѓани на Македонија и не само еднаш, конкретно споредувајќи ја промената на уставното име на државата што му даде право да коментира дека ниеден даден збор на Заев не биле веродостојни.  

За Милошоски смели биле потезите на двајца, тројца историчари од македонската историска комисијата, која од научна гледна точка ги води преговорите со колегите од Бугарија, со кои се оградиле од изјавите на Премиерот Зоран Заев и што на таков начин го чувале своето достоинство, како научници а со тоа и достоинството на Македонија. Притоа тој истакна дека предноста на Бугарија била во натпартиски донесената Декларација за националните позиции со големо мнозинство во Парламентот на Република Бугарија. Затоа упати покана до Заев, Димитров и Османи во македонското собрание да биде усвоена натпартиска Декларација но и соопшти дека тие досега бегале од поканата.

Пред присутните се обрати и пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес Игор Здравковски кој исто така упати остри критики на сметка на Премиерот Зоран Заев и додаде:

„Единствен спас е да се обединиме. Затоа ги повикувам членовите на СДСМ, партија која се заснова на антифашистичкото движење и борба, да го смениме овој човек и да дадеме нов импулс на Македонија. Со него немаме иднина“, рече Здравковски.

https://www.facebook.com/zdravkovskiigor/videos/287368912684476/

Преземено од duma.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16065/zgolemena-brojka-na-novi-zarazeni-veleshani-so-kovid-19-vo-poslednite-24-chasa/