Законот за бранители на СДСМ ја тестира коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ

„Нека му е со среќа“.

Zito akcija 640x289px

Тоа е одговорот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на предупредувањата што дојдоа од Халил Снопче, висок претставник на „Вреди“, коалицијата на партии на Албанците која е дел од власта, дека ќе ја напуштат владата ако поминат измените на законот за бранители, тема која и 23 години по конфликтот сè уште е чувствителна за одредени делови од општеството.

Agria

Христијан Мицкоски уверува дека измените на законот кој се однесува на припадниците на безбедносните сили кои ја бранеа државата во 2001-та, а е заглавен во собраниските комисии, ја има поддршката на неговата ВМРО-ДПМНЕ, најбројната партија во парламентот.

„Дали и кога ќе дојде законот за бранителите пред комисијата не знам. Тоа не зависи од мене. Јас сум сепак претседател на Владата. Но, кога ќе дојде, тој ќе ја има нашата поддршка“, рече Христијан Мицкоски, претседател на Влада на Република Северна Македонија.

Дали ова ќе биде ова тест за цврстината на владејачкото мнозинство, или е само „театар за јавноста“ засега останува нејасно – станува збор за прашање кое ги антагонизира двете најголеми заедници, едниот дел од коалицијата е „за“ измените, другиот против. „За“ е и третиот партнер во владината коалицијата – ЗНАМ на Максим Димитриевски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е гарант за стабилноста на владата и така ќе остане во текот на целиот мандат, додека сме учесници во владата. Тоа значи дека ние го гарантираме стабилното владино мнозинство во владината коалиција кога станува збор за националните прашања на македонскиот народ. Ние ќе го поддржиме законот. Тоа е наш став, уште претходно кажан“, рече Никола Мемов од „ЗНАМ“.

Измените беа предложени од опозицијата – СДСМ која тврди дека предлогот не е провокација, туку е само допрецизирање на постоечка законска материја.

„Предлог законот има една единствена цел, а тоа е да се допрецизира право кое е веќе утврдено во законите и да се предвидат одредби кои ќе значат правилен и правичен надоместок за жртвите и настанатите последици. Но, наместо дебата, наместо дисусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво и за жал, партиите на власт наместо да покажат државнички капацитет, покажаа незрело однесување и се впуштија во натпревар за тоа кој ќе го има последниот збор или кој ќе излезе со некој досетлив предлог. Почитувани колеги пратеници од власта, овој предлог закон не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој предлог закон е одговор на барањето за правда и правичност и тоа се мотивите заради кој овој закон е поднесен“, рече Славјанка Петровска од СДСМ.

Предлог-измените, кои е предвидено да се носат по скратена постапка, се во собраниска процедура, но се заглавени во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, зашто Илире Даути – претседателката на ова тело која е од редовите на коалицијата предводена од ДУИ, одбива да закаже седница. На тој чин не се решава ниту собранискиот спикер Африм Гаши, кој пак е дел од владејачкото мнозинство. Тоа значи дека поделбата за овие измени оди по етничка, а не по партиска линија.

Можеби ќе ве интересира: