Соседна Србија ги замрзна цените на основните прехранбени производи.Станува збор за шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко со 2,8 отсто млечна маст, при што е одлучено храната да не ја надмине цената што важеше на 15 ноември 2021 година.
Според официјалното соопштение, ценовната граница е поставена за да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувања на пазарот.
„Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци, а предвидени се и казни во износ од 100.000 до 2.000.000 динари за прекршување на наведената одредба, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година“, се наведува во соопштението од Владата.
Исто така, имајќи го предвид драстичното поскапување на берзите за електрична енергија во последните неколку месеци, Владата на Србија донесе Заклучок за цената на електричната енергија за резервно снабдување со електрична енергија на крајните корисници кои немаат право на гарантирано снабдување по 1 декември 2021 година.
Со овој акт се определува цената на електричната енергија за компаниите кои би склучиле договори за снабдување со резерва, а со кои би се овозможило нивно понатамошно работење и создавање клима за зачувување на поволна економска средина во Србија.
Можеби ќе ве интересира: