Започна исплатата на пензиите за месец април

penzioneri
penzioneri

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец април.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: