Започна етапната исплата на пензиите за месец јули. Денеска се врши исплата на средства за лицата чии пензија се со висина до 14 илјади денари.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички се реализира во две групи.
Втората група се пензионери чии примања се над 14 илјади денари и за нив исплатата ќе се врши утре.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, средствата може да ги користат од денеска.
Можеби ќе ве интересира: