Започна празнувањето на Источен петок Балаклија во Велес

manastir-sveti-dimitrija-vo-veles

По традиција првиот четврток и петок по Велигден во манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, православните христијани вечерва и утре го празнуваат празникот Источен Петок-Балаклија, посветен на Пресвета Богородица.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешани масовно ги посетуваат овие трите христијански храмови во овој манастирски комплекс „Свети Димитрија“, „Св. Петка“ и „Св. Никола“, и според христијанските обичаи палат свеќи за здравје.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Манастирот „Свети Димитрија“ има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од османлиите. Во 1820 година откако на сон му се јавил на еден воденичар Петар Здравев повторно е откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција и масовно по Велигден на манастирската слава го посетуваат манастирот и околните цркви.

Овој празник се празнува само во две цркви во православието, „Свети Димитрија“ во Велес и прочуената Црква на Животодавниот Извор во Истанбул, која го слави како празник на трите свети води, за кои се смета дека имале исклучително лековито дејство токму на овој празник.

По повод утрешниот празник Источен петок Балаклија вечерва во манастирот „Свети Димитрија“, митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската Епархија ќе одржи Вечерна богослужба.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: