Утре стартува пролетниот дел од сезоната во Третата фудбалска лига – Југ. Борец 1919 ќе гостува кај последнопласираниот тим на Бучин, додека Превалец во ова коло е слободен.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари се срeќаваат Марена – Питу Гули, Слога Лажани- Младост, Росоман – Големо Коњари, и Локомотива Градско – Ултрас.
Содржината продолжува под рекламата
Во есенскиот дел од сезоната најдобар беше тимот на Големо Коњари кој освои 25 бода. Веднаш зад Големо Коњари се двата велешки клуба, Борец 1919 и Превалец кои заостануваат два бода зад водечкиот тим.
Можеби ќе ве интересира: