Започнува учебната година за студентите

Прв академски час за идните бруцоши. Почнува учебната година за новите студенти. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска се одржаа првите академски часови за учебната 2024/2025 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), свечено започна новата академска година со прв академски час на едно место за сите бруцоши на универзитетот. Ова е првпат по 14 години сите новозапишани студенти да го започнат своето академско обраование заедно, на едно место. Претходно, ваков обединувачки настан се одржал во 2010 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Штип, првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа Мултимедијалниот центар на УГД а на настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

Можеби ќе ве интересира: