Министерството за здравство информира дека неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Како што информира Министерството за здравство со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од Министерството за здравство и потсетуваат дека граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк.
Можеби ќе ве интересира: