Заврши потрагата по 16-годишната девојка, ја пронашле неколку млади момчиња

Orizari Kocansko

Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше. Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

Zito akcija 640x289px

„Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа„ – вели близок роднина на девојчето.

Agria

Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.

Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.

Во потрагата по девојчето не беа вклучени ниту хеликоптер, ниту пак дрон.

Извор на веста: fokus.mk

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21438/vo-veles-ne-e-registriran-nov-sluchaj-na-kovid-19-vo-izminatite-24-chasa-2/