Заврши сезоната за Борец Баскет

Borec Basket Mega Basket

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет од Велес официјално ја заврши сезоната во Втората кошаркарска лига, откако беше елиминиран во четвртфиналето од плеј-офот. Велешани не успеаја да се спротивстават на екипата на Ангели од Алгали, која славеше во вториот четвртфинален натпревар со убедливи 83:64.

Со оваа победа, гостите од Скопје ја затворија серијата со максимален резултат од 2:0 во победи и го обезбедија своето место во полуфиналето на плеј-офот, додека за кошаркарите на Борец сезоната заврши во оваа фаза од натпреварувањето.

Agria

И покрај предноста на домашниот терен во Велес, домаќините не најдоа начин да се спротивстават на агресивната и организирана игра на Ангели. Борец Баскет ќе мора да ја анализира сезоната и да се подготви за следните предизвици во идната натпреварувачка година.

Сега целото внимание во Втората кошаркарска лига се свртува кон полуфиналните двобои. Ангели и Соколи ќе играат во полуфиналето преку кое победникот ќе се промовира во иден член на Првата лига. Фаворитот Маџари пак за противник до остварување на целта ќе го има вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: