Заврши владината мерка за ограничена маржа

Mleko na raftovi

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка кошничка“. Со владината одлука намалени беа цените на 73 основни прехранбени производи.

Zito akcija 640x289px

Од Сојузот веќе излегоа со став за мерката есенска синдикална кошничка, не ги дала посакуваните резултати. Според податоците, вредноста на минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од таа во септември. Односно, на едно четиричлено семејство месецов му биле потребни 61.249 денари за покривање на основните месечни потреби.

Agria

Во наредниот период од Владата најавува потрошувачки кошнички кои ќе бидат активни пред и за време на празниците. Токму кога цените на основните прехранбени производи вообичаено се зголемуваат, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите на прес-конференцијата по повод 100 дена од работењето на новата Влада го изнесе нејзиниот личен став дека не се согласува со оваа мерка бидејќи државата нема доволно капацитети да го контролира применувањето на мерката. За Димитриеска-Кочоска, ефектите ќе се почувствуваат со Законот за нефер трговски практики.  – Јас веќе ова го коментирав и го изјавив.

Со Законот за нефер трговски практики опфатени се околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: