Здравковски: Подобро да живееме ден повеќе како Македонци, отколку 100 години како Бугари

Со скандирање „Оставка“ и „Никогаш Северна само Македонија“ започна вечерашниов протест на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес. Откако десетици автомобили тргнаа од пред Спомен Костурницата на загинатите борци поточно партизани во Втората светска војна и во колона прво ги обиколија главните градски улици демонстрантите се собраа пред спомен бистата на Кочо Рацин во центарот на градот.

Zito akcija 640x289px

Пред нив говореа историчарот Слободан Ников, претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Весна Анастасовска и претседателот на партискиот Општински Комитет и пратеник Игор Здравковски.

Agria

Ников своето обраќање го започна со тоа што го пренесе ставот на актуелната власт предводена од СДСМ која четири години секојдневно, преку медиумите, го убедувала македонскиот народ дека не му била потребна историја и минато туку светла иднина што никако не можел да ја види.

„Ни укинаа дел од античката историја, се фалат секоја вечер дека се договориле за ликови од средновековието, на светите браќа Кирил и Методиј, на Климент и Наум, на Цар Самоил и многу други што за Македонците е погубно и значи губење на средновековната историја. Се откажуваат од нашите преродбеници како Шапкарев, Пулевски, Џинот, Жинзифов, од нашите велешки преродбеници. На пат се да се откажат од македонскиот патрон на револуционерната борба, Гоце Делчев. Ако го изгубиме Гоце Делчев ќе ја изгубиме целата историја од крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Ги губиме и нашите војводи, комити а ние велешани го губиме Миле Поп Јорданов, Гемиџите, Јован Наумов Алабакот, Милан Арсов. Власта сака сите овие личности да бидат побугарчени. Ако ни го одземат овој дел на историјата потоа ќе следува периодот на Втората светска војна“, рече историчарот Ников.

Тој додаде дека во тој дел на македонската национална историја Бугарите беа окупатори кои спроведуваа фашистичка власт добро запаметена од дедовците и бабите поради 510 жртви, македонски синови и ќерки, кои не можат да се заборават затоа што се стрелани на Пуста Кула и во Богомила а во Долно Јаболчиште сограѓаните Албанци како и убиените борци на Велешкиот партизански одред на Војничка Пештера или Невена Ѓоргиева Дуња , девојчето на кое на 16 години му ја отсекоа главата и ја шетаа низ велешко за да ги заплашуваат велешани и македонскиот народ.

Гемиџиите, Панко Брашнаров, Коста Солев Рацин, Џинот, Миле Поп Јорданов, Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов, Димитрија Андонов – Папрадишки, Васил Главинов, Андреја Димов Докурчев и многу други се велешани кои целиот свој живот го вложија во татковина, за да имаат своја држава, свои права, рече пред присутните Весна Атанасовска. Претседателката на Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес додаде:

„Тие биле македонците кои кога немале своја држава имале национална кауза, денес кога ние имаме своја независна држава немаме национална кауза. Власта можеби има легалитет, но нема легитимитет да одлучува сама за прашања од национален карактер. За прашања од национален карактер треба национален консензус, тогаш државата оди напред. Кога власта во државата се обидува сама да води битка за вакви горчливи прашање, без притоа да ги консултира, граѓаните, најголемата опозициона партија, експертите, тогаш крајот е самиот почеток. Ние тоа во нашата татковина го немаме, немаме исти ставови за битни прашања и затоа денес имаме протести. Протести во кое си ги браниме нашите црвени линии: Несмееме да преговараме за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ. Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија“, рече на вечерашниот протест Атанасовска.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес и актуелен пратеник пред присутните демонстранти своето обраќање го започна со констатацијата дека Македонците се родени, живеат и еден ден ќе умрат како Македонци и никако поинаку.

„Власта се обидува да не заплаши. Факт е дека имаме пандемија, не соодветни услови за живеење и го повикуваат народот да не излегува на протести,криејќи се позади сите нивни предавства. Но народот е тука, на протести, затоа што знае дека е подобро да се живее барем уште еден ден како Македонец отколку уште 100 години како Бугарин. Тука ќе бидеме се додека не го решиме и ова прашање и додека не го заштитиме нашиот идентитет. Ние сме како Пиреј, колку и да го сечат тоа стебло, семето останува и повторно ќе се роди. Македонија ќе остане Македонија. Тоа што тие треба прво да направат е да го повикаат Бојко Борисов исто како Вили Брант, германскиот канцелар, кој во 1970 година во Варшава се поклони пред споменикот на загинатите Пољаци кои загинаа против фашистите. Тоа треба да го направи и Борисов со неговиот слуга Заев. Да дојдат на велешка Кострурница, во алеите на великаните, прво да се извинат за нивните злосторства за потоа можеби да најдеме некаков договор за понатамошно почитување и достоинствено разбирање. Не треба да помислиме да им простиме додека тие не помислат дека треба да побараат простување. Не смеат да заборават дека 7148 Евреи, меѓу нив и од Велес, ги депортираа во Треблинка. Не смееме да попуштиме бидејќи треба да одбраниме последно нешто што ни остана за одбрана. Доколку немаме идентитет, јазик, националност се ќе биде залудно“, рече Здравковски.

Тој упати остри критики кон Заев во кои издвои дека не можел да ја продава државата како на кванташки пазар и сподели уведурање дека помеѓу демонстрантите има и такви чии членови на семејства се бореле во антифашистичкото движење. Исто така повика на единство на македонскиот народ кој не смеел да премине преку прекројување на историјата, особено не без извинување. Во исто време ги повика присутните на уште по масовно доаѓање на протестите се додека „Заев, трговецот на власт не си замине во историјата“.

Извори: duma.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16247/novi-30-sluchai-na-kovid-19-vo-veles-eden-paczient-pochina/