Зеленски: Земјата нема да престане да се бори против рускиот агресор, и побара итен прием на Украина во ЕУ

EU
EU

Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, денеска изјави дека земјата нема да престане да се бори со, како што рече, рускиот агресор.

Zito akcija 640x289px

Зеленски во видео обраќање пред неговата канцеларија ги повика сограѓаните да не веруваат во пропаганди и лаги, пренесува УНИАН.

Agria

„Сега на мрежите се појавија многу лажни информации за да ја повикаат нашата војска да го положи оружјето и дека eвакуација е во тек. Значи, тука сум, нема да го положиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава, оружјето е нашата вистина. Ова е наша земја, наша држава, наши деца и сето тоа ќе го заштитиме“, истакна Зеленски.

Toj денеска побара прием на Украина во Европската унија.

„Ова е одлучувачки момент за ставање крај на долгогодишната дискусија еднаш засекогаш и за носење одлука за членство на Украина во ЕУ“, напиша на Твитер денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведува и дека со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, дискутирал за „натамошна ефикасна помош“, како и за „херојската борба на Украинците за својата иднина“.

Членство на Украина во ЕУ досега се сметаше за исклучено. Според експертите, такво нешто би го направило невозможно барањето заеднички јазик со Русија. Прашањето на приближување на Украина до ЕУ беше повод за масовните протести на централниот плоштад во Киев во 2014 година. Протестите во 2014 година доведоа до соборување на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович. Потоа следуваше анексија на полуостровот Крим од страна на Русија.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: