Земјава стигна до 1000 новозаразени и 14 починати за еден ден!

kovid skopje
kovid skopje

Вкупно 999 нови случаи на заразени со ковид-19 се регистрирани во земјава за едно деноноќие. Ова е најголем број случаи за 24 часа во четвртиот бран на коронавирусот кај нас. Новозаразените се откриени, откако се направени 7245 тестови, а процентот на нови случаи во однос на направените тестови е 13,8 проценти.

Zito akcija 640x289px

Во истиот период се регистрирани и 14 починати граѓани, по пет од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), двајца од Гостивар (57г и 58г) и по еден од Куманово (80г) и Кичево (57г). Еден од пријавените е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Во Велес во последното деноноќие се регистрирани седум нови случаи. Најмногу новозарзени и денеска има во Скопје, вкупно 325, а критично е и во Тетотво каде што има нови 184 салучаи и Гостивар со 132 новозаразени во едно деноноќие. Во Куманово се регистрирани 79, во Кичево 50, во Струмица 42, во Струга 33, во Охрид 20, Битола, Кочани и Берово по 15, Прилеп 14, Кавадарци 10, Штип и Радовиш по 8, Велес 7, Делчево и Валандово по 6, Кратово и Македонски брод по 5, Дебар 4, Крива Паланка и Демир Хисар по 2 и Гевгелија и Свети Николе по 1.

Текстот продолжува под рекламите

Бројот на активни случаи во во земјава се искачи на 6734, од кои во Велес има 61 и градот засега важи за еден од оние со најмалку случаи на ковид – 19. Најмногу активни случаи има во Скопје – 2246, но најкритично е во Тетово, каде што има 1330 активни случаи, што е убедлуво најмногу заразени според бројот на жители.

Од почетокот на пандемијата до денес во Македонија се регистрирани 163.452 заразени, од кои 5574 починаа, а 151.144 пациетни ја прележаа болеста.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: