Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот како што е наведено, бил на длабочина од 8 километри и со сила од 3 степени според Рихтер.
Содржината продолжува под рекламата
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.
Можеби ќе ве интересира: