Зголемена фреквенција на ГП Табановце

Granicen premin Tabanovce
Granicen premin Tabanovce

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Zito akcija 640x289px

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,велат од АМСМ.

Agria

Оттаму потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта низ земјата е воведен летен времен режим на сообраќај со кој во одредени термини се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. 

Термините се следни:

  • петок од 17:00 – 22:00 часот 
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот  
  • недела од 09:00 до 22:00 часот

На магистралниот пат А2 делница Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите во следните интервали:

  • петок од 15:00 – 22:00 часот
  • сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот
  • недела од 07:00 до 22:00 часот

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: