Железничкиот сообраќај во прекин, вработените ја бојкотираат работата поради неисплатен втор дел од платата за октомври

Zeleznicka Veles voz
Zeleznicka Veles voz

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во држававa втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Zito akcija 640x289px

Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

МЖ-Транспорт постојано е во загуби. Минатата година загубите од патничкиот и од товарниот транспорт биле околу 7,5 милиони евра, а таков износ се предвидува и за годинава. Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека тие им префрлаат пари за загубите во патничкиот сообраќај, но Железница како акционерско друштво што остварува дејност и приходи, треба да се грижи за својата профитабилност и за платите на работниците. Во МЖ-Транспорт има 855 вработени и за нив во бруто-износ за една година треба да се платат 7,6 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: