Жена е потешко повредена во сообраќајката кај велешка Шорка

Жена на 46-годишна возраст е потешко повредена, а две години постар маж поминал со полесни повреди во сообраќајната несреќа, која денеска, околу 13:30 часот се случи во велешката месност „Шорка“. Во автомобилот имало и две деца, но од Итната медицинска помош нема информација во каква состојба се тие.

Zito akcija 640x289px

„Во 13:42 часот е пријавена сообраќајна несреќа кај ‘Шорка’, помеѓу камион и автомобил. Во автомобилот имало две деца, маж роден 1974 година и жена родена 1976 година. Жената е потешко повредена, а мажот има полесни повреди. И двајцата имаат повеќе повреди по телото. Со возило на Итната медицинска помош транспортирани се во Општа болница Велес, за понатамошно иследување“, рече др. Васе Панова Поп Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од Итната медицинска помош нема информација за состојбата на возачот на камионот. На местото на настанот беше видливо големо оштетување на автомобилот, по сударот со камионот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: