
Жерард Пике како лидер во одбраната на екГо ипата на Барселона чувствува најголем срам по вчерашниот дебакл против Баерн Минхен . Како никогаш досега Барселона не била надиграна и декласирана на еден европски натпревар.
Веднаш по натреварот Пике немаше многу пофални зборови за неговите соиграчи.
„Го достигнавме дното. Ова е жива срамота. Јас се нудам да заминам, ако треба „свежа крв“ во екипата. Итно ни се потребни промени. Во Лигата на шампионите не бевме конкуренти, ниту пак во Примера“, изјави дефанзивецот Барселона.
Ова е првпат по далечната 1946 година Барса да прими осум гола на еден натпревар. Тогаш Севиља до врв ја наполни каталонската мрежа во меч од Кралскиот Куп.
Можеби ќе ве интересира: