Фудбалерките на Борец се елиминирани од Купот на Македонија. Тие во рамките на осминафиналето од ова натпреварување беа поразени во Струга од екипата на Ас Јунајтед со високи 5:1.
Со голот во 25 минута на Елма Шемсовиќ фудбалерките на Борец поведоа, но по само шест минути резултатот беше изедначен. Стрелец за домаќините беше Ардлинда Адили, за до крајот на првото полувреме и поведе екипата Ас Јунајтед со голот на Улза Максути во 39 минута.
Вторите 45 минути не донесоа ништо ново во играта на Борец. Тоа го искористија домаќинките и со головите на Александра Рубановска во 51 минута, Теодора Далчевска во 70 минута го зглемуваа своето водство.
Конечниот резултат го постави Улза Максути со својот втор гол во 89 минута.
Можеби ќе ве интересира: