ЖФК Борец со нова управа, амбициите се освојување на шампионската титула и излез во Лигата на шампионите

ЖФК БОРЕЦ
ЖФК БОРЕЦ

Женскиот фудбалски клуб Борец е на добар пат да излезе од кризата во која се наоѓа во моментов. Со нова управа, и заедно со неколку велешки фирми е со големи амбиции да атакува на шампионската титула.

Zito akcija 640x289px

За почеток се враќаат и поранешни играчи. Управата заедно со досегашниот тренер на клубот Тоше Нацев планира и нови засилувања со кои сезонава грчевито ќе се борат да го задржат прволигашкиот статус.

Agria

Претседателот на клубот Рикардо Илиев за батали.нет вели дека прв приоритет на клубот ќе биде да се обезбеди опстанокот во елитата, а потоа ЖФК Борец да атакува и за шампионската титула.

„Влегуваме во овој проект со голем ентузијазам, а позади клубот веќе финансиски застанаа неколку велешки фирми како Рибник Оморани, злататара Голд Краун и заложна куќа Севен. Имаме големи планови, па дури и ЖФК Борец да се натпреварува елитното друштво во Лигата на шампионите“, рече претседателот на клубот Рикардо Илиев.

Со последното 15. коло заврши есенскиот дел од првенството во Прва Фудбалска лига за жени. Фудбалерките на Борец во последното коло беа поразени на домашен терен од екипата на Истатов со резултат 1 : 2.

Во моментов ЖФК Борец по завршувањето од есенскиот дел се наоѓа на 11 место.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: