По 30 дневниот карантин поради коронавирусот, животот во Дебар полека се стабилизира. Жителите од овој град конечно можат да ја видат светлината на денот.
“Иако Дебар и Центар Жупа ја поминаа кризната состојба, населението не треба да се однесува со триумфализам, бидејќи продолжува проблемот со кризата со опасниот вирус. Граѓаните треба да бидат и понатаму дисциплинирани и да ги почитуваат владините мерки”, рече градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Жителите на Дебар се оптимисти дека веќе никогаш да се повтори агонијата низ која живееја цел месец. По завршувањето на 30-дневниот карантин за жителите на Дебар, сега важат истите препораки за движење на населението, како што е во целата држава, пренесува Телевизија 24.
Новинарката на Телевизија 24, Адријана Митевска денеска го посети Дебар. Еве што регистрираше нивната камера.