Кинескиот град Вухан каде што за прв пат беше регистриран заболен од коронавирусот полека се враќа во нормала, откако градот 76 дена беше затворен. Паровите чии што бракови опстанаа за време на коронавирусот и карантинот од 76 дена, решија тоа да го прослават со брак, пренесува Си-Ен-Ен.
Барањата за венчавки во Вухан, се зголемени за 300 отсто во однос на периодот пред карантинот, кажуваат официјалните податоци.
Градските власти ја отворија вратата на матичната служба минатиот петок, а првите бракови веќе се направени на почетокот на оваа недела.