Златко Малинов од денеска е нов член на Советот на Општина Велес. Тој доаѓа на местото на Стево Крстевски, кој беше именуван за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Малинов е член на СДСМ и е третиот член на Советот, што дополнително влегува во ова тело, откако претходно тројца членови од листата на СДСМ излегоа од Советот.
На местото на поранешниот претседател на Советот Душко Петров, кој си поднесе оставка поради неспоивост на адвокатурата со членувањето во Советот, влезе Аљуш Ахмедов од партијата на Турците. Подоцна, следниот претседатле на Советот Ненад Коциќ стана пратеник во Собранието, па на негово место дојде Зоран Ѓуровски од Обединети за Македонија.
Мандатот на овој состав на Советот на Општина Велес истекува во октомври идната година, кога ќе се одржат локалните избори.
Можеби ќе ве интересира: