Иван Милевски го промовираше видео записот за песната „Проклети да се предавниците“. Станува збор за нова преработка на стара добро позната песна на македонската фолк икона Гоце Арнаудов.
Текстот продолжува под рекламата
„Во време кога човечките вредности се се повеќе пореметени, решивме преку преработка на оваа добро позната песна во нов аранжман, да донесеме свежина и да го подигнеме духот на Македонецот. Снимавме филмски сцени кои го симболизираат самоуништувањето на македонскиот народ“, ни изјави Иван Милевски.
Текстот продолжува под рекламата
Текстописец на песната е Огнен Неделковски, а аранжманот е на Иван Милевски. Музичкиот спот за „Проклети да се предавниците” е достапен на Јутјуб. Режијата на спотот е на Темелко Андреев.
Можеби ќе ве интересира: