среда, 23 септември, 2020
Реклама

Двајца велешани каснати од кучиња скитници

kuce

Двајца велешани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници. 29-гидшна девојка била нападната од животното вчераутро, на улица Вардарска, кај „Шорка“, а 32-годишен човек околу пладне бил нападнат од пес во центарот на градот, во месноста „Дворови“.

„На 14.09.2020 во 07.30 часот во СВР Велес, В.А.(29) од Велес пријавила дека на ул.„Вардарска“ била касната од куче скитник. На 14.09.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Велес, Ј.Т.(32) од Велес пријавил дека на ул.„Страшо Пинџур“ бил каснат од куче скитник“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами