среда, 23 септември, 2020
Реклама

Поради зголемен број на позитивни случаи на коронавирус, Канада размислува воведување на карантин

Kanada Corona

Канадскиот министер за здравство денес изјави дека не исклучува уште еден бран на карантин, доколку се покаже потребно, поради зголемувањето на новите случаи на ковид-19, но додаде дека владата е подобро подготвена во справувањето со вирусот отколку во текот на првиот бран.

“Гледаме дека бројките растат, но целосно затворање на економијата би било многу тешко за оваа земја. Ние нема да го исклучиме тоа затоа што … слушајте, ќе го заштитиме здравјето на Канаѓаните и ќе го направиме она што е потребно”, изјави Хајду пред новинарите.

Канадските провинции и територии се одговорни за воведување на здравствени ограничувања, иако државата би можела да користи закони за итни случаи за да наметне национален карантин, доколку смета дека е потребно.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами