среда, 23 септември, 2020
Реклама

Тепачка меѓу маж и жена во близина на „Шумското“ во Велес

Policija lenta

56-годишна велешанка била физички нападната од три години помлад сограѓанин вчера, околу 13:45. Инцидентот се случил на улица „Крушевска“ која се протега од зад поранешно Радио Велес, до под „Теќе“, над Шумско стопанство Бабуна. Учесниците во инцидентот не биле сопружници, ниту биле во некаква роднинска врска.

„На 15.09.2020 околу 13.45 часот во СВР Велес, Е.Д.(56) од Велес пријавила дека на ул.„Крушевска“ била физички нападната од Б.Ш.(53)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами