среда, 23 септември, 2020
Реклама

Полицијата го расчисти случајот на момчето кое лажно се јавуваше во Итната медицинска помош

Tik Tok logo

МВР го расветли случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на социјалната мрежа Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери ќе поднесе соодветна пријава.

По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан.

На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами