среда, 23 септември, 2020
Реклама

Лукашенко: Западот се обидува да ја уништи Белорусија

Lukasenko

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вели дека Западот е со обиди „да ја уништи“ Белорусија со игнорирање на резултатите од минатомесечните избори и дека се обидува да организира револуција за да ја одземе власта на авторитарниот лидер по скоро три децении власт.

Лукашенко денеска рече дека тековните протести, кои ја доведуваат во прашање неговата победа од гласањето на 9 август, се организирани од САД и „нивните сателити – Полска, Литванија, Чешка и за жал Украина“ кои се обидувале да организираат таканаречена „обоена револуција“ со цел „кршење на нашиот суверенитет, дури и нашиот територијален интегритет.“

„Нема да дозволиме нивните планови да им се исполнат и нема да го дозволиме тоа“, рече белорускиот претседател Лукашенко.

Новинарите беа апсени, а илјадници луѓе беа уапсени од белоруската полицијата додека скоро сите клучни опозициски лидери беа присилени да ја напуштат земјата или беа уапсени за време на протестите против изборните резултати, на кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Сите лидери на опозициските партии во Белорусија го обвинија Лукашенко за изборни нерегуларности, коишто тој ги негира.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами