четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Филмот „Стела“ е првата еко-продукција во земјава, за снимањето е користена струја, наместо агрегати

Филмот „Стела“ е целосно снимен на струја, без да се користи ниту еден агрегатор, кој работи на нафта или бензин. Притоа, екипата која го снимаше филмот со себе имаше стаклени пепелници, во кои се фрлаа отпушоците од цигари, се со цел да не се загади околината во која се снимаше.

Во следните две видеа, режисерот Стојан Вујчиќ и продуцентот Огнен Антов раскажуваат за предизвиците при правењето на овој филм, кој е, исто така, прва продукција од ваков вид за деца во земјава.

Во филмот главните улоги ги толкуваат младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, монтажата ја потпишува велешанецот Данчо Стефков, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Својата промоција филмот ја доживеа на 18 септември во градскиот парк во Скопје, со што се отвори годинешното издание на филмскиот фестивал „Синедејс“.

Можеби ќе ве интересира: